ЛОНДОН: Нивото од терористичка закана зголемено е на највисоко ниво

Сподели

„Исламска држава“ ја презеде одговорноста за нападот на воз во лондонското метро, во кое се повредени 29 лица. Соопштението за преземање на одговорноста го објави Амак, новинска агенција на ИД.

Британските власти соопштија дека бројот на повредените во нападот се зголемил на 29 лица. Националната здравствена служба нагласи дека им е дадена лекарска помош на 21 лице, а осуммина се испратени на домашно лекување.

Лондонската служба за итни случаи соопшти дека 19 повредени се хоспитализирани и тие се здобиле со полесни повреди, повеќето од нив се со изгореници по телото.
Британската полиција започна потрага по извршителите на нападот во лондонското метро.

Британската премиерка Тереза Меј изјави дека нивото од терористичка закана зголемено е на највисоко ниво, од „сериозен” на „критично”.