Вести Македонија

Манчевски: Унитарноста не е загрозена, гаранции има, Иванов игра политички да удоволи на Груевски!

Сподели:

Медиуми: Дел од забелешките беа дека се гонат за полесни кривични дела, а не за потешки кривични дела. Како вие гледате на овие случувања околу кривичната одговорност?

Манчевски: Добро, прво точно и во детали ги опишав настаните како што се случуваа, со сите закани по нашиот живот безбедносно, насилството коешто се случуваше врз на. Апсолутно сметам дека стануваше збор и за обид за убиство и за класично насилство. Сега прашање на Обвинителството е како понатаму ќе ги процесуира овие случаи. Ги даваме многу конкретни нашите изјави, со сите детални информации и се надевам дека во најскоро време и во Обвинителството ќе се покренат нови обвиненија коишто ќе значат потежок вид на кривични дела.

Медиуми: Кога господинот Заев ќе оди кај господинот Иванов да го земе мандатот:?

Манчевски: Не знам, бев долго време, малку подолго, така што немам точни информации.

Медиуми: Дали се подготвени гаранциите и кога ќе бидат доставени?

Манчевски: Прашање е на ден како што веќе кажав, секој ден очекуваме дека ќе бидат доставени овие гаранции или допис или што и да треба за господинот Иванов ја сфати вистината дека не е загрозен ниту унитарниот карактер на државата, ниту Уставот. И сами знаеме дека тоа беше негова политичка игра за да успее да му удоволи на Никола Груевски. Во ред, кажавме, спремни сме и секој ден кога и тој ќе биде подготвен тоа ќе може да го направиме.

Медиуми: Подготвен е дописот?

Манчевски: Ќе ме извините, навистина бев тука веќе 3 часа и не знам точно да ви кажам.

Сподели: