Меџити: Јас ја напуштам владата за Чаир!

Сподели:

Во срцето на Чаир, првиот вицепремиер и кандидат на ВЛЕН за градоначалник на општината, Изет Меџити, го отвори изборниот штаб. Меџити потенцираше дека тој не гледа обично отворање на изборен штаб, туку ја чувствува миризбата на победата, бидејќи токму од Чаир ќе започне прославата на ВЛЕН за големата победа.

„Тука започнува победата на ВЛЕН. Разликата е што јас ја оставам владата за Чаир, а Бујар сака да го злоупотреби Чаир за да влезе во влада. Бујар не е избраникот на Чаир, тој е избраникот на Соравиа. Јас видов една смешна негова изјава, рече јас не зборувам со тие затоа што биле вазали! Кој е вазал овде, вие што ја направивте најлошата влада и малку ви беше владата Груевски-Ахмети и на крај кога побегна, му помогнавте да избега во Будимпешта, потоа отидовте од позицијата министер за надворешни за да го сретнете, да му помогнете, да го вратите на политичката сцена“ изјави Меџити.

Меџити пред граѓаните ја изложи и својата конкретна визија а општината, ветувајќи трајни решенија за животните проблеми на Чаир.

„Ние сакаме подобри улици, сакаме во овој мандат еднаш засекогаш да се затвори прашањето на подземната инфраструктура во Чаир, ви гарантирам дека во следниот мандат нема веќе да се зборува за водовод и канализација и атмосферска мрежа во Чаир, ви гарантирам дека нема да се
зборува повеќе за асфалтирања. Ние бараме мандат за нашите и вашите деца да учат како во градинката Бамби, уште две други ги поминавме во Владата во меѓувреме, една кај ресторанот ФаФа и уште една кај Исмаил Ќемали во Топанско Поле“ изјави пред присутните Меџити.

Меџити пред жителите на Чаир ги спомена и достигнувањата што директно се поврзани со иднината на албанската младина.

„Ние со вашиот глас во период од една година успеавме за првпат во историјата на оваа држава, една влада каде учествува ВЛЕН да донесе одлука од 35 милиони за изградба на студентски кампус за универзитетот ‘Мајка Тереза’ кој одовде пешки не е подалеку од 3-4 минути, што отвора сосема нова перспектива за целата младина на Чаир. Ние успеавме Чаир да се ограничи со четири универзитети, од гето како што не нарекоа и како што не оставија на 3,4 квадратни километри, еднакво на касарната Илинден, и тоа гето ние го претвораме во студентски град, со илјадници студенти, со стотици професори преку кои се трансформираа и Старата Чаршија и Чаир. Ние го бараме вашиот глас за подобар Чаир, ние го бараме вашиот глас не за да ги поразиме тие затоа што тие одамна се поразени, ги чека длабока реформа, затоа и не го користат веќе терминот ДУИ, затоа се нарекуваат еднаш Европски фронт, еднаш Национален фронт, ова последново ме асоцира на алијанса на корупцијата за интеграција, нека ви е со среќа. Дури и самите милитанти на ДУИ ја гледаат ДУИ како отуѓена, ја гледаат дека самата ДУИ бега од ДУИ, затоа им апелирам на сите
членови на ДУИ што трчаа по неа 20 години, не го правете тоа повеќе, вратата ви е отворена во ВЛЕН, вратата ви е отворена во Чаир, вратата ви е отворена во идните победи на Албанците затоа што тука е нашата поента,“ изјави Изет Меџити.

Сподели: