МКЦ: Кино Фросина -“Ден за бегство“

Сподели:

Денес во киното Фросина, во Младинскиот културен центар, се затвора Првата ревија на современиот грчки филм во Македонија со проекцијата на филмот “Ден за бегство“, во 20:30 часот.

Пред  него ќе биде прикажан филмот „Засекогаш“на младата грчка режисерка Маргарита Манда.

Овој мини фестивал на грчки филм кој се отвори во четвртокот, на 28.30. 2017, воедно е и прв значаен културен настан кој се организира како соработка помеѓу двете земји.

Ревијата е иницирана и организирана од Меѓународниот филмски фестивал за дебитантски филм, Киненова Скопје.

Сподели: