Алтернатива Магазин Настани Стил

Модна ревија на Институтот за мода „Изет Цури“-“Made in North Macedonia: Women’s Skills”

 

Добредојде Macedonia Welcome Centrе“ (DMWC)  во соработка со Француската амбасада на ден 5 март во Музејот на Народна борба ќе организираат модна ревија  на Институтот за мода „Изет Цури“-“Made in North Macedonia: Women’s Skills”

 

 

Интернационалниот институт за мода „ Изет Цури“ е приватна образовна институција чија основна цел е да создаде нови креативни генерации во областа на модата во Македонија.

Од самото отворање на институтот во 2014 година до денес дејствува посветено и сериозно во едукацијата на младите талентирани луѓе за кои модата е пасија и потенцијална идна кариера. За само пет години работа резултатите гордо говорат дека таа посветеност резултира со успешни и веќе препознаени млади дизајнери со исклучително професионално изработени модни колекции под директно менторство на професорот Изет Цури , ценето име на париската модна сцена со долгогодишна успешна кариера на глобално ниво. Важно е да се нагласи дека ова е единствено место каде се добива едукација за начинот на кој се изработува Висока мода во Париз и моделирање на самата конструкција, знаење кое професорот Цури несебично го пренесува на своите студенти.

Денес институтот котира на самиот врв на едукативната мапа во нашата земја и по повод 5-те години  успешна работа во просторот на музејот ќе биде организирана модна ревија на која ќе бидат претставени триесет креации на студентите на овој институт, специјално изработени за овој настан.

 

Сподели: