МТСП е прва јавна институција со веб-страница за лицата со попреченост

Сподели

Министерството за социјална политика, демографија и млади стана првата јавна институција која има целосно пристапна веб-страница за лицата со попреченост, во согласност со Европската директива EN 301 549 и стандардите WCAG 2.1.

Ова претставува историски чекор кон дигиталната инклузија и еднаквост.

Со поддршка на тимот од AccessWay, овозможивме веб- страницата на министерството да стане  достапна за сите корисници, вклучително и за лицата со визуелна, моторна или когнитивна попреченост, информираат од МТСП.

Ова исклучително достигнување испраќа силна порака – Инклузијата започнува од пристапот!