Во земјава досега се потврдени вкупно 53 случаи, а 28 пациенти се излекувани и отпуштени од болничко лекување. Пет пациенти сè уште се на интензивна нега, при што тројца се екстубирани и нивната здравствена состојба е подобрена, информираат од Министерството за здравје.
Институциите продолжуваат внимателно да ја следат состојбата и координирано да постапуваат на централно и на локално ниво.
Апелирам до родителите: вакцинирајте ги децата навреме против морбили! – изјави министерот Клековски.
Опфатот со вакцинација изнесува околу 62 процента, а нашата цел е да спречиме можна епидемија. Вакцините се најсигурната заштита – да не го одложуваме здравјето на нашите деца.


