Вести Македонија Ударни вести

Над 200 компании во Северна Македонија ја подобрија конкурентноста со помош на ЕБОР и ЕУ

Сподели:

 

  • ЕУР 51 милион за над 200 мали бизниси во Северна Македонија преку програмата финансирана од ЕБОР и ЕУ
  • Бизнисите добија грант поддршка од ЕУ во износ до 15 отсто од износот на кредитот
  • ЕБОР и донаторите продолжуваат со поддршка на локалните МСП

 

Над 200 мали и средни претпијатија (МСП) во Северна Македонија успешно ги имплементираа инвестициските проекти и ја подобрија конкурентноста благодарение на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и Европската Унија (ЕУ), преку Програмата за конкурентност на МСП.

Овие резултати беа презентирани на денешниот настанот кој се одржа во Скопје, а на кој беа присатни Фатмир Битиќи, Заменик Подпретседател задолжен за економски работи во Владата на Република Македонија, Мари-Маделин Канелопулу, Раководител на одделот за операции во Делегацијата на Европската Унија во Северна Македонија и Анди Аранитаси, Претставник за Северна Македонија, ЕБОР.

Програмата која започна во 2019 година, ги комбинира кредитите на ЕБОР и грант поддршката од ЕУ, за натамошно кредитирање на малите бизниси во партнерство со локалните комерцијални банки. Во вкупно 316 проекти, беа пласирани ЕУР 51 милион кредити за малите и средни претпријатија во Северна Македонија. Најголемиот број од овие инвестиции се од секторот производство, транспорт, малопродажба и услуги и храна, а над 60 од нив за МСП лоцирани надвор од главниот град.

МСП имаа можност да аплицираат за средства кои ќе ги инвестираат во нова опрема и надградба која може да им помогне да ја поттикнат продуктивноста, да ги намалат оперативните трошоци, да ја зголемат енергетската ефикасност и да го подобрат усогласувањето со ЕУ стандардите. Покрај кредитите, МСП имаа корист од грант поддршката која беше во износ до 15 отсто од вкупната сума на кредитот, финансирани од ЕУ.

Анди Аранитаси, Претставник за Северна Македонија, ЕБОР изјави: ,,Подобрувањето на пристапот до финансии за малите бизниси во Северна Македонија и поттикнување на нивната конкурентност останува една од нашите клучни приоритети. Ќе продолжиме да работиме со нашите донатори за да обезбедиме поволни кредити и грант финансирање до уште голем број МСП во земјата.’’

,,Со скорешното пристапување кон ЕУ, традиционалните економски врски ќе бидат во конкуренција со добавувачите на ЕУ. До крајот на Октомври 2022 година, 91% од средствата за Северна Македонија беа алоцирани на клиенти, а беа поддржани 10,474 работни места. Благодарани сме на ЕУ и ЕБОР за имплементацијата на оваа програма и веруваме дека ќе имаме уште повеќе цели за остварување’’ , истакна Фатмир Битиќи, Заменик Подпретседател задолжен за економски работи во Владата на Република Македонија.

Денешниот настан ги сумираше резултатите од активностите на Програмата за конкурентност на МСП во Северна Македонија. ,,Динамичните и високо конкурентните мали и средни претпријатија се основа за раст и развој. Пристапот до финансии останува еден од често споменуваните пречки за деловниот сектор. ЕУ Делегацијата во Северна Македонија, заедно со ЕБОР ги здружија силите во креирање на Програмата за конкурентност. Во оваа насока, беа создадени инструменти за финансирање согласно високите вредности на ЕУ, кои се достапни за бизнисите во Северна Македонија. Еден од нив е и Економскиот инвестициски план за Западен Балкан, со кој се дава поддршка на буџетот со кредитни линии без камата и грант линии, како и грантови за компаниите кои се заинтересирани во еколошките иницијативи’’, изјави Мари-Маделине Канелопулу, Раководител на одделот за операции при Делегацијата на Европската Унија во Северна Македонија.

Програмата за конкурентност на МСП се имплементира во земјите од Западен Балкна со цел да им помогне да го подобрат пристапот до финансии за локалните МСП. До денес, над 850 компании имаа бенефит од оваа регионална програма. Партнерски финанасиси институциии во Програмата за Северна Македонија се Шпаркасе банка Македонија, ПроКредит банка Македонија, НЛБ Банка, Комерцијална банка и Шпаркасе лизинг.

ЕБОР е една од водечките институции, инвеститори во Северна Македонија. До денес има инвестирано над 2,5 милијарди евра во проекти од различни сектори на економијата, со главен фокус врз развој на приватниот сектор.

Сподели: