Вести Македонија Ударни вести

Герасимовски до пензионерите: Пријавете се за доделување парична помош, рокот истекува утре

Сподели:

 

Општина Центар ги известува граѓаните дека Јавниот повик за доделување еднократна парична помош за пензионерите истекува утре.

Сите граѓани кои ги исполнуваат условите, се жители на Општина Центар и земаат пензија не поголема од 17.518 може да аплицираат и бидат корисник на оваа мерка.

Општина Центар уште еднаш потсетува дека доколку пензионерите кои сакаат да бидат корисници на оваа помош, а не се во можност барањето за повикот да го достават лично, во нивно име тоа може да го направи некој член од фамилијата или друг близок.

Оваа помош која Општина Центар ја доделува доаѓа во вистинско време во пресрет на семејните слави и новогодишните и божиќни празници.

Општина Центар ќе продолжи да вложува кај граѓаните кога им е најпотребно.

Во прилог линк https://www.centar.gov.mk/?p=16108 до Јавниот повик за подетални информации и потребно документи за аплицирање.

Сподели: