Сега научив само мигот да го вреднувам – Соња Р. Јовановски
Posted onAuthorКоментарите се исклучени на Сега научив само мигот да го вреднувам – Соња Р. Јовановски
Сподели:
Соња Р. Јовановски
Да можам целиот свој живот ќе истражувам за сите оние кои тргнале кон божествената креација и стварност, ќе пишувам подеднакво и за љубовта и за смртта, за сите оние кои се подготвени да се жртуваат во име на љубовта, за сродните души и (не)душите на малограѓаните, снобовите, оние кои се дават во „смрдеата на изобилството и потребата за туѓа крв“, за луѓејадачите во балканските ќошови…за највисоките возвишенија на креативниот ум, за најголемите инспирации на уметниците, за птицата која умира пеејќи, за најдлабоките провалии на животниот пекол…и летот на оние кои ги допираат сите бои на виножитото…
До неодамна, ги посакував наеднаш сите патишта кои ќе ме однесат за да бидам најголемиот трагач на вистината, љубовта, душите човечки. Посакував денот вчерашен да биде само легенда, да биде значаен секој ден во откривање на непознатотo, на недопреното…во кое се кријат најголемите тајни на човештвото.
Но, сега научив само мигот да го вреднувам бидејќи тој ми дозволува истрајност и трезвеност дека треба да ги наткрилам во многу нешта врвовите на човечките мечтаења… за да можам да дојдам до највисоките цивилизациски дострели кои ќе ни ја оцртаат во средината на нашите заеднички мисли – патеката кон добробитта и племенитоста, упорноста во спознанијата.
Таму, токму таму… каде што пулсираат и не напаѓаат нашите сознанија, вистинити и отворени прашања за човекот и за животот кои не збунуваат, напати фасцинираат, но во секој случај ја разнишуваат нашата рамнодушност кон неправдата, инертноста, незаинтересираноста на луѓето да го започнат патувањето кон спознанието за себеси и опкружувањето…
Но, на таа мисија моето НЕ ЈАС и НАД ЈАС станаа моите најголеми учители, потсетувајќи ме на животот, сега и тука… нешто што постојано го забораваме бидејќи не кради од нас самите, ни го кради времето, ни ги краде оние со кои вреди да се живее или за кои вреди и да се умре…
Национална галерија на Македонија, 02.септември Изложба „Од традицијата“ на Решат Амети / Ekspozitë „Nga Tradita“ Reshat Ameti. Академскиот сликар Решат Амети, професор на ДУТ, ќе се претстави со негова самостојна изложба на 02. септември во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам. Изложбата “Од традицијата” ќе прикаже дел од неговиот современ опус.
Македонска филхармонија, “Ново утро” – Лука Дебарг – пијано (Франција), Диригент: Јерухам Шаровски (Израел) ОТВОРАЊЕ НА КОНЦЕРТНАТА СЕЗОНА 2018/2019 Програма: С. Прокофјев: Концерт за пијано и оркестар бр. 2 во g-moll, оп. 16 Х. Берлиоз: Фантастична симфонија, оп. 14
МКЦ, 21.февруари Разговор за активизмот преку уметност. Како театарот може да биде платформа за пренесување на социјална и општествена порака? Како да се продолжи да се твори без цензура и замолчување, кога системот го налага спротивното? Разговорот ќе започне во 21 часот во бифето на Младинскиот културен центар (МКЦ), а ќ го водат актерите и […]