Нови закани од САД до Северна Кореја

Сподели

Американскиот секретар за одбрана, Џим Матис, ја предупреди Северна Кореја за “масовен воен одговор” за каква било употреба на нуклеарно оружје, откако тензиите се зголемија понуклеарните и ракетните тестови на Пјонгјанг.

“Немојте да правите грешка, секој напад врз Соединетите Држави или нашите сојузници ќе биде поразен”, изјави Матис за време на посетата на Сеул по поводгодишните разговори за одбрана.Тој додаде дека секоја употреба на нуклеарно оружје од страна на Север ќе се соочи со голем воен одговор.

Според Матис дипломатијата остана “посакуван чекор на акција”, но исто така истакна декадипломатите се најефикасни кога се поддржани од веродостојна воена сила.

Патувањето на Матис доаѓа пред прва официјална посета на американскиот претседател Доналд Трамп во Јужна Кореја следниот месец, како дел од неговата турнеја низ Азија. Трамп пак, веќе се вклучи во војна на зборови и размена на закани со севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун. Претседателот на САД предупреди дека Соединетите Држави ќе ја “уништат” Северна Кореја ако е потребно за да се заштитат себеси и нејзините сојузници против нуклеарните закани на непријателските земји.

РСЕ