Вести Македонија Топ теми Ударни вести

Од денесека се замрзнува цената на овошјето и зеленчикот

Сподели:

 

По намалувањето и замрзнувањето на цените на лебот, млекото и млечните производи, јајцата, тестенините и оризот, како и на повеќе хигиенски производи, од денесека се замрзнува цената на дел од овошјето и зеленчикот.

Утврдена е максимална цена од 70 денари за килограм свеж домат, 75 денари за килограм свежа краставица, 90 денари за килограм зелени пиперки, 75 денари за килограм грав, 55 денари за килограм лимони и портокали и 70 денари највисока цена за килограм банани.

Се намалуваат и цените на леќата, кромидот, карфиолот и на мандарините.

Од Државниот пазарен инспекторат најавија дека ќе има контроли и на зелените пазари. 

Сподели: