Вести Македонија

Општина Гостивар вечерва ќе ја изврши првата дезинсекција против комарци

Сподели:

 

Општина Гостивар вечерва по полноќ ќе ја изврши првата дезинсекција од земја на територијата на општината за уништување на возрасните форми на комарци и останати штетници.

Дезинсекцијата ќе се врши по полноќ до раните утрински часови, само под поволни временски услови, ако случајно времето е вржливо или е со јак ветер, дезинсекцијата се одложува за утредента или евентуално за некој нареден ден со новолни временски услови.

За дезинфекција ќе се користи препаратот KULFAK 50 EC.

Од Општината ги повикуваат пчеларите да преземат соодветни мерки за заштита на своите пчели.

Сподели: