Пендаровски: Армијата ќе дава поддршка на полицијата и здравствените установи

Сподели

 

 
Кризната состојба на целата територија на Северна Македонија во траење од 30 дена, што на предлог на Советот за безбедност вчера ја прогласи Владата, и овозможи на Армијата да дава поддршка на полицијата и на здравствените установи, напиша денеска на својот официјален ФБ профил, претседателот Стево Пендаровски.
 
“Според Законот за менаџирање со кризи, Армијата ќе и помага на полицијата во обезбедување на стратешки објекти, болници, како и во обезбедување на магацини со лекови и со друга заштитна медицинска опрема. Сметам дека ваквата помош и поддршка е повеќе од потребна за здравствените власти и полицијата, коишто веќе деветти месец деноноќно се борат се пандемијата на КОВИД-19 и се крајно исцрпени”, пишува Пендаровски на Фејсбук.