Потпишан Меморандум за соработка меѓу МВР и Организацијата на резервни офицери

Сподели

 

Денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и претседателот на Организацијата на резервни офицери на Република Северна Македонија д-р Гоце Георгиев, потпишаа Меморандум за соработка во насока на взаемно укажување стручна помош и поддршка со цел размена на податоци,  информации, искуства, знаења и обука.

Министерот Спасовски изрази задоволство од продлабочувањето на соработката, притоа нагласувајќи дека сите развиени држави во целост ги користат расположливите капацитети на своите резервни офицери.

Од страна на претставниците на Организацијата беше посочено дека имаат посебни овластувања во областа на одбраната, особено како полноправна членка на CIOR, меѓусојузничка конфедерација на резервни офицери на земјите членки на НАТО.

Целите на овој Меморандум се темелат согласно Законот за одбрана, како и актите со кои се регулираат надлежностите на Организацијата, во доменот на превенција, справување и надминување на последици од загрозување на животот, здравјето и добрата на граѓаните и на одбраната и безбедноста на Република Северна Македонија.

Со овој Меморандум, Организацијата меѓу останатото се обврзува своите стручни и кадровски ресурси да му ги даде на располагање на Министерството за внатрешни работи за нивно ангажирање во превенција и справување со безбедносни ризици како и отстранување на последиците од безбедносните ризици.