Притвор за прилепчанец за нелегално производство на опојна дрога

Сподели:

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп до ОЈО Прилеп поднесе кривична пријава против Т.Н. (53) од Прилеп поради постоење на основи на сомневање за сторено кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори “  предвидено и казниво по член 215 КЗ на РСМ.

 

 

По добиени оперативни сознанија дека пријавениот се занимава со нелегално производство и пуштање во промет на опојна дрога марихуана, на  02.09.2020 со Наредба за претрес на дом и други простории извршени се претреси во домот на пријавениот во Прилеп и во викенд куќата во место викано „Кишовица“. При извршените претреси, во викенд куќата и во дворот се пронајдени марихуана и 59 стебла Канабис.

Судија на претходна постапка во Основен суд Прилеп на Т.Н. му определи мерка притвор од 30 дена.

Сподели: