Се одложува 50. јубилејно издание на „Златен Гонг“

Сподели

 

Управниот одбор на Боксерската федерација на Македонија, донесе одлука да го одложи одржувањето на 50-јубилејно издание на „Златен Гонг 2020“ поради пандемијата на коронавирусот.

“Нашата цел беше оваа години да го организираме „Златен Гонг“ достојно, со квалитетни боксери од Европа и светот, согласно јубилејот на 50. издание. Невозможно е во ваква ситуација на светска пандемија да се организира ваков важен настан, за жал принудени сме да го одложиме за следната година, и други големи спортски собири оваа година се одложени за следната поради пандемијата на коронавирусот, тоа беше случај Олимписките игри, сметам дека ова е исправна одлука, оваа спортска манифестација заслужува организација и квалитет за јубилејот на високо ниво”  изјави претседателот на БФМ, Примислав Димовски.