„Space Walkers“ од СТЕМ академијата освоија второ место на светско првенство во Либан

Сподели

 

Тимот „Space Walkers“ од СТЕМ академијата во Скопје  го освоијас второто место на Првиот меѓународен  FIRST LEGO League настан, кој се одржуваше од 14 до 16 јуни во Либан.

„Space Walkers“ се натпреваруваше со роботска игра, поточно робот кој може да извршува 15 задачи.

 

Натпреварите од оваа лига се организираат во цел свет, а годинава учествуваа околу 40.000 тимови од 98 земји.

Првата лего лига е меѓународна мултидисциплинарна истражувачка програма што ги инспирира младите луѓе да истражуваат во науката и да решаваат реални проблеми.