Тргна “Градскиот воз” Зелениково – Скопје

Сподели:

Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на промоцијата на проектот „Градски воз“ и на официјалното пуштање на првата линија Зелениково – Скопје.

“Навистина една година е прилично брз период за да се реализира овој проект, којшто можам вака од лично искуство да кажам дека условите во коишто денеска ја поминавме делницата од Зелениково до оваа Централна железничка станица во центарот на Скопје, се навистина европски.

Дали со ова ги решаваме сите проблеми на светот коишто во суштина ги имаме? Нема да ги решиме, но дали е ова чекор напред? Да, е чекор напред во делот на решавање на дел од проблемите со кои што се соочуваме, посебно во транспортот и посебно во делот на заштитата на животната средина и загадувањето, имајќи предвид дека пред нас е и грејната сезона и предизвиците коишто доаѓаат со таа грејна сезона. 

Благодарност уште еднаш до сите коишто беа вклучени во овој проект. Повторно ќе кажам, до потпретседателот на Влада и министер за транспорт, до заменикот-министер за транспорт, до сите вработени во Министерството за транспорт, до директорите во „Македонска железница, инфраструктура и транспорт“, до управните одбори, вработените во тие институции, градоначалникот на Град Скопје, градоначалниците од Градот Скопје, но и до градоначалникот од Зелениково кој е тука денеска со нас, кој исто така даваше несебична поддршка при реализација на овој проект”, изјави премиерот Мицкоски. 

На настанот присуствуваа и вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски, градоначалници, како и раководствата на железничките претпријатија „Транспорт“ и „Инфраструктура“.

Цената на билетот во еден правец е 40 денари, додека повратниот билет чини 70 денари.  

Сподели: