ТРИБЈУТ ФЕСТ 2 во МКЦ

Сподели:

Љубителите на рок-музиката во ноември ги очекува ново музичко дружење во МКЦ Скопје.

На 7 ноември, со почеток во 20 часот, ќе се одржи второто издание на Трибјут Фест, настан посветен на големите имиња и безвременските хитови на рок-сцената.

Првиот потврден изведувач се „Off They Go“, трибјут бендот кој преку своите енергични настапи го слави музичкото наследство на Честер Бенингтон и ги оживува најголемите хитови на Linkin Park.

Како втор потврден настапувач е најавен „Side Quest“, трибјут бенд кој на сцената ги носи препознатливата енергија и звукот на американскиот рок-бенд Green Day.

Marigold Box од Италија ќе биде третиот и последен изведувач на Трибјут Фест 2, кој ќе се одржи на 7 ноември во МКЦ.

Публиката ќе има можност повторно да ги слушне познатите песни на бендот во живо, исполнети со енергичен настап и атмосфера карактеристична за концертите на Green Day.

Билети: до 15 октомври – 700 денари, 16 октомври – 5 ноември – 800 денари, 6 ноември и на денот на настанот – 900 денари.

МКЦ Скопје, 7 ноември, 20 часот
Билети EARLY BIRD: Tix.mk или https://tix.mk/event/418/tribjut-fest-2?lang=mk

Сподели: