Вести Македонија Топ теми Ударни вести

Трифун Костовски повикува за спас на Еуростандард банка

Сподели:

 

Трифун Костовски, еден од акционерите на Еуростандард банка, јавно ги повикува сите политички партии да дадат поддршка на НБРМ да ја повлече одлуката за стечајна постапка на Еуростандард банка.

“Јас, Трифун Костовски, еден од акционерите на Еуростандард банка, јавно ги повикувам сите политички партии, сите институции, сите владини, невладини и верски организации, да дадат поддршка Народна банка на Република Македонија, да ја повлече одлуката за стечај на Еуростандард банка и да ја врати во првобитна состојба.

Легалистите би рекле дека ваквото повлекување на стечајна постапка не е можно согласно Законот за банки. Сакам да ве убедам дека не може законот да биде над интересите на граѓаните.

Потенцијални купувачи на банката се спремни да вложат сериозни средства и да го овозможат нејзиното работење во банкарскиот сектор.

Ваквиот чин бара висока доблест и ќе спречи сериозни последици по граѓаните на Република Македонија.

Доколку сакаме мир во земјава и спокој на граѓаните, мора да ги имате предвид последиците кои ќе се појават во периодот кој следи, а кои таксативно ќе ги наведам.

1.Клиентите на Еуростандард банка, кои се оштетени со оваа одлука ќе бидат целосно вознемирени со преземање активности да си го вратат своето.

2.Поради софтверскиот систем за исплата на пензии, неколку илјади пензионери ќе се соочат со не можноста редовно да ги добиваат своите пензии, а тоа е најранливиот слој на граѓани во Македонија.

3.Масовни отпуштања и зголемување на невработеноста, како на вработените во Еуростандард банка, така и на вработените во Македонски пошти, поради неможноста да остварат приход и да ги заработат чесно своите примања.

4.Ќе се врати довербата во банкарскиот систем на граѓаните кој за жал, сведочиме дека има многу нарушен кредибилитет и создава општа несигурност.

5.За ваквиот потег се бара доблест и акција за стабилизирање на севкупната ситуација за граѓаните во Република Македонија и посебно на банкарскиот сектор”  – се наведува во јавниот повик на Трифун Костовски.

 

 

 

Сподели: