Скопскиот маратон Визер во чест на дарителите на органи и коскена срцевина

Сподели

 

Министерство за здравство ги повикува сите граѓани да ги поддржат здравствените работници, волонтерите и излекуваните пациентите кои ќе трчаат на Скопскиот маратон, во недела на 3 октомври 2021 година. Оваа учество на Скопски маратон, е во чест на дарителите на органи и коскена срцевина и е во организација на националната координаторка за трансплантација, д-р Маја Мојсова-Миовска и ЈЗУ Клиника за хематологија – Скопје.

 

 
 
На стартот на трката, пред салата Борис Трајковски, ќе има пункт, отворен од 08 до 12 часот, каде граѓаните ќе можат да се информираат за трансплантациите како можност за излекување и продолжување на животот директно од тимовите на експерти кои се дел од овие интервенции.
 
Исто така сите, кои се во добра здравствена состојба, на возраст од 18 до 50 години ќе имаат можност да станат дел од Националниот регистар на доброволни дарители на коскена срцевина. Дарител може да биде секој што се чувствува здрав и е подготвен да спаси нечиј живот, само со доброволно дарување на 5 милилитри периферна крв, ќе се запише во регистарот на дарители на коскена срцевина.
 
В недела здравствени работници, волонтери и поранешни пациенти, ќе трчаат на Скопскиот маратон, за да мотивираат поголем број донори на коскена срцевина да се пријават во Националниот регистар за донори. Целта ни е да го подигнеме нивото на свесност за значењето на трансплантација на органи и ткива од починат донор. Да се дарува коскена срцевина, орган или ткиво значи некому да се даде можност одново да живее.
 

Симболично, сакаме со учество во трката да ја истакнеме важноста и влијанието од трансплантацијата на органи, ткива и матични клетки врз животот на пациентите, а воедно и да им заблагодариме на сите донори ширум светот кои со своето дарување подариле некому живот.