Алтернатива Настани

Цртежи и графики од Љубомир Ивановиќ во Мала станица

Сподели:

Цртежи и графики од Љубомир Ивановиќ во Мала станица, 01. -13. декември

Цртежите и графиките од Љубомир Ивановиќ (1882 – 1945 г.) се дел од збирката на Националната галерија на Македонија и се подарок од уметникот. Делата за првпат се изложуваат пред јавноста, а вкупната бројка е шеесетина дела.

Низ избор од неговите цртежи и графики, се претставува исклучителниот опус на овој значаен српски уметник, хроничар на природата и на старите градби (архитектура), патник и пасиониран собирач на предмети од народното творештво, долгогодишен професор.

Збирката содржи дела од дваесеттите и триесеттите години на дваесеттиот век, кога тој, впрочем, и престојувал во Македонија истражувајќи го нашето поднебје, со претставување нa старите градски јадра до делови од разурнати мостови. Да наведеме само за пример, тоа се пејзажи на делови од Дебар, Кичево, Битола, Куршумли-ан во Скопје, старите цркви во Варош, Прилеп и Галичник, џамии.

Оваа збирка, составен дел од колекцијата на движното културно наследство во сопственост на Националната галерија на Македонија ќе биде прикажана на публиката во објектот Мала станица на 1. декември 2017 (петок). Кураторот на изложбата Маја Крстевска, виш кустос, информира дека изложбата ќе се отвори во 12 часот и истата ќе биде поставена до 13. декември 2017 година.

Сподели: