Алтернатива Настани

Виз – Ер Скопски маратон – „Женска трка“

Сподели:

Сојузот на спортови на Град Скопје во рамките на Виз – Ер Скопски маратон повторно ја организира Авицена, овој пат седма година по ред, а ќе се одржи во недела, 31 март 2019 година.

Новина е тоа што патеката оваа година ќе биде долга 3 километри, за разлика од минатите години кога беше 2 километри.

Пријавувањето ќе биде во неколку бранови, а секој учесник кој ќе се пријави до 28-ми февруари 2019 година ќе може да си купи и уникатна dry – fit маица при што 100 денари од секоја продадена маица ќе бидат дадени во хуманитарни цели. На крајот на трката ќе бидат доделени награди во 7 категории по кои ќе се одржи лотарија за сите пријавени учеснички кои ќе добијат подароци од партнерите и спонзорите на Авицена Женска трка.

Заинтересираните може да се пријават на www.zenskatrka.mk или преку партнерот за онлајн регистрација https://www.smartrace.club/.

Трката е во организација на Сојуз на спортови на Град Скопје, а под покровителство на Град Скопје и Агенција за млади и спорт на Република Македонија, како дел од промотивните трки на Виз – Ер Скопски маратон 2019.

Сподели: