Заев: Гоце Делчев е македонски револуционер, но Бугарите го сметаат за бугарски

Сподели

 

„Гоце Делчев е македонски револуционер, но исто така е факт дека Бугарија и Бугарите го сметаат за бугарски револуционер. Факт е дека го имаме ние Делчево, град кој го носи неговото име, има и Бугарија Гоце Делчев град. Имаме споменици насекаде низ Северна Македонија и Бугарија. Заедно со премиерот Бојко Борисов се поклонивме во Софија на споменикот на Гоце Делчев, но и на гробот на Гоце Делчев овде во Скопје. Реалноста и фактите се тие. Ако ги избегнуваме историските моменти, ги ставаме под тепих и не разговаравме за нив, тоа не е добра европска иднина на Западниот Балкан. Затоа имаме договор да ги решиме овие прашања”, изјави Заев на денешната прес-конференција.