Вести Свет Ударни вести

Жозеп Борел избран за нов шеф на европската дипломатија

 

Министерот за надворешни работи на Шпанија, Жозеп Борел е избран од страна на Европскиот совет за нов шеф на европската дипломатија, како наследник на Федерика Могерини на функцијата висок претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност – пренесоа европските медиуми.

Борел должноста ќе ја преземе кон крајот на октомври, се наведува во соопштението на Европскиот совет.

Советот го именуваше Борел по одобрувањето на новоизбраната претседателка на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

За да го обезбеди мандатот до крајот на октомври 2024 година, изборот сега треба да биде потврден и од Европскиот парламент, заедно со сите други членови на ЕК, наведуваат медиумите.

 

Сподели: