Вести Свет

Aнтитерористичка операција во Брисел

Сподели:

 

Белгиската полиција изврши рации во Брисел, со претрес на осум станови во рамки на антитерористичка операција која е во тек, соопшти обвинителството.

Портпарол на канцеларијата на федералното обвинителство истакна дека рациите не се поврзани со нападите на Исламска држава во ноември 2015 година, ниту со бомбашките напади во Брисел во март минатата година.

Операцијата се уште трае, а во текот на денот ќе биде објавено соопштение.

Според белгиските медиуми, во рациите учествуваат припадници на специјални сили и полицискиот оддел за борба против тероризмот.

Сподели: