Вести Македонија

Министерство за финансии го осудува оштетувањето на државен имот

Министерството за финансии реагираше на вчерашниот протест на „Шарената револуција“, на кој фасадата на зградата на министерството доби неколку балони со боја. „Министерството за финансии го почитува неприкосновеното право на граѓаните за мирен протест, но го осудува вандалското однесување на поединци кои оштетуваат државен имот изграден со парите на граѓаните на Република Македонија“, велат од […]

Вести Македонија

ССО и СПО не се најсреќни, но се единствени решенија за помош на СЈО, сметаат експертите

Формирање на специјално судско одделение и специјален оддел во Министерството за внатрешни работи (МВР), кои би биле надлежни за процесуирање на случаи на СЈО, е предлогот кој, според засега неофицијалните информации, бил ставен на маса на разговорите меѓу претставниците на четирите политички партии потписнички на Договорот од Пржино. Неофицијално, ова прашање било ставено на маса […]

Вести Македонија

Кривичниот суд има 477 стари нерешени предмети, најстариот е од 1998 година

Во Основниот суд Скопје 1, во одделите за кривично полнолетни, кривично малолетни и Одделението за организиран криминал и корупција, има вкупно 477 стари нерешени предмети, постари од две години, а најстариот е од 1998 година, покажала последната анализа направена во јуни годинава, соопштија денеска од судот. Судии од Апелацискиот суд, кои на почетокот на април биле во […]

Вести Македонија

Седуммина обвинети во случајот „Чекан“ осудени на вкупно 53 години 6 месеци затвор

Кривичниот суд во Скопје на седуммина од обвинетите во случајот „Чекан“ им одредил вкупна затворска казна од 53 години и 6 месеци, соопшти денеска Јавното обвинителство. Полициската акција „Чекан“ беше спроведена во декември минатата година, во Гостиварско, а обвинетите се товареа за кривичните дела лихварство и изнуда. Највисоки казни, како што информираат од Обвинителството, им […]

Вести Македонија

„Шарена револуција“ го обои и Министерството за финансии и покрај полициските блокади

Единицата за брзо распоредување вчера ги затвори сите приоди кон Министерството за финасии за да ги спречи демонстрантите од „Шарена револуција“ да стигнат пред објектот, револтирани од новото задолжување. Сепак, кога се мислеше дека протестот заврши, една група граѓани се пробија покрај полицијата и успеаја да стигнат до зградата врз која фрлија и боја. Демонстрантите […]

Македонија Став

СТАВ: Д-р КРСТЕ ШАЈНОСКИ

Чиста бесмислица е ставот на најголемата владејачка партија дека „еврообврзницата се издава како реакција на политичката криза која СДСМ во етапи ја прави за да се спаси од политички пораз на избори“. По сите правила, за кризите се одговорни властите. И во согласност со тоа, издавањето на еврообврзницата не може да се оправдува со политичката […]

Вести Македонија

Нуланд и Попоски разговарале за политичката криза и за евро-атланските интеграции

Заменик-претседателот на Владата на Република Македонија и министер за надворешни работи, Никола Попоски, денеска се сретна со помошникот државен секретар на Соединетите Американски Држави за европски и евроазиски прашања, Викторија Нуланд, која престојува во работна посета на Македонија. „Напредокот во решавањето на внатрешно-политичката криза во контекст на евро-атланската интеграција на Република Македонија беше главна тема […]

Вести Македонија

Франгов: „Арсена“ и Сорос сакаат да го урнат угледот на Општина Гевгелија

  Гевгелискиот градоначалник Иван Франгов смета дека проблемот со арсенот е политички монтиран случај од невладината организација „Арсена“, која „зела пари од Сорос за да го урне угледот на Општина Гевгелија“, јавува „Телма“. Франгов смета дека лабораторијата во Солун што ги правела проверките, користела нестандардизирани методи при проверка на арсенот и дека резултатите се спротивни од тие […]

Изјави Македонија

ИЗЈАВИ: ВИКТОРИЈА НУЛАНД

„Работата на СЈО е од клучно значење за враќање на владеењето на правото, одговорност и вистински правен систем во Македонија, што е клучно доколку земјата сака да стане членка на ЕУ и НАТО”.

Вести Македонија

Сугарески: Пратеничката група на опозицијата е против новото задолжување

Пратеничката група на СДСМ, НСДП, ЛДП и на ПДТ најжестоко се спротиставува на намерата на власта во заминување да ги задолжи граѓаните со издавање нова еврообврзница од 650 милиони евра, рече денеска на прес-конференција Горан Сугарески, координатор на пратеничката група на опозицијата. Тој рече дека новото задолжување е финансиско злосторство врз граѓаните, македонската економија и врз […]