Данела: Премиере, мачиња сте не лавови

Сподели:

“Премиере не ви функционира Владата кажи му на Луке дека СНИМКИ ОД БЕЗБЕДНОСНИТЕ КАМЕРИ на Влада ви се објавуваат во јавност ултра брзо. Одма знаат сите кои луѓе и медиуми јадат сендвичи од штаб и се платени од вас, кога пред мене стигнавте да објавите. 

Слушнав денес ќе имало организирана акција на МВР, Финансиска полиција и Обвинителство, ќе упаѓале во општина Чаир и кај Висар Вики Ганиу дома за криминалите вредни над 225 милиони евра со перење пари и легализирање.

Затоа отидов до Влада, МВРО ВМРО и Финансиска полиција да го видам тоа чудо како решиле да се борат со криминалот, ама излезе дека сите отишле на состанок во партија, не било за Чаир. Сите знаат дека за ѓубрето сте вие виновни и дека овој хаос го предизвикувате со намера. МВРО ВМРО со итен состанок во штаб, Луке координира бидејќи премиерот е во Лондон.

https://www.facebook.com/reel/4210052915899744

Се уплашивте од една жена, за напади и навреди го организирале цел штаб да пишува против мене.

Лидер ќе беше Мицковски ако ги уапсевте оние што граделе со црни пари во Чаир заедно со Висар Вики Ганиу што им овозможил да прават милиони.

Лидер ќе беше Мицковски ако ви беше приоритет безбедноста на сите кои живеат во Скопје, наместо профитите на коалициските партнери.

Мачиња сте не лавови, затоа 4 години напаѓате жена, а на Изет и Висар не смеете да им писнете. Многу сте храбри”, објави градоначалничката Данела Арсовска на официјалниот ФБ профил.

Сподели: