Државниот архив – Прилеп денеска одбележува 66 години од своето постоење
Posted onAuthorКоментарите се исклучени на Државниот архив – Прилеп денеска одбележува 66 години од своето постоење
Сподели:
Државниот архив – Одделение Прилеп денеска, 27 декември, одбележува 66 години од своето постоење.
“Ова е ден кога се направија првите значајни чекори во однос на документирањето на нашето минато, на нашата историја и култура. Со создавањето на Архивот во Прилеп, всушност, започна и институционалното создавање на трезорот со историски документи и материјали што се однесуваат на нашиот идентитет, култура и традицијата.
Досега, при работата на Архивот во Прилеп се постигнати значајни резултати и се воспоставени солидни професионални односи со речиси сите општествени институции, а вредно и посветено се работи и со приватните иматели. Минатата година се одбележа и мал јубилеј кога, меѓу другото, е објавена и монографијата “65 години Архив во Прилеп (1955 – 2020)”, а по тој повод се организираа и повеќе презентации, предавања и изложби.
Како посебно значаен настан поврзан со работата на Архивот во Прилеп и со нашата историја може да се издвои годинашното публикување на брошурата: “ДОКУМЕНТИ ЗА ПРИЛЕП И КРУШЕВО ОД ИЛИНДЕНСКИОТ ПЕРИОД”, како и видеопрезентацијата за илинденскиот период, со кои започна манифестацијата “10 ДЕНА КРУШЕВСКА РЕПУБЛИКА”.
Елена Чагороска
По повод одбележувањето 66 години од постоењето на Архивот во Прилеп се планираат и се подготвуваат повеќе активности како збогатување на документацијата во Архивот во Прилеп со значајни документи и материјали од приватни фондови, кои сведочат за нашето национално опстојување; архивирање на дела и документи од наши истакнати културни, уметнички и научни личности и други дејци што оставиле трага во севкупниот развој на Прилеп и на околината. Исто така, во подготовка се и неколку интересни изложби со кои ќе се афирмираат повеќе оригинални документи, што сведочат за развојот на македонскиот идентитет”, изјави директорот на Државниот Архив, д-р Емил Крстески.
Најмалку 25 лица загинале, а околу 70 се ранети во два одвоени бомбашки напади што утрово се случиле во Багдад, соопшти ирачката полиција. Цел на нападите биле воен пункт и деловниот кварт во Багдад. Нападите се случуваат во време кога ирачките сили се обидуваат да ги истиснат милитантите на Исламска држава од Фалуџа, град кој […]
Претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, во својство на ко-претседател на регионалната иницијатива – Коморскиот инвестициски форум (КИФ), заедно со генералниот секретар на Форумот, Д-р Тања Штерјова-Душкоска, вчера и денес, на дело спроведуваат вакцинален Мини-Шенген за земјите од Западен Балкан. За два дена, викендов, ќе бидат вакцинирани вкупно 7.500 лица, сопственици и […]
Во 2008 година, тогашниот американски претседател Џорџ Буш се обиде да ги „зачлени“ Украина и Грузија во НАТО. На тоа жестоко се спротивстави Москва, па Германија и Франција го спречија реализирањето на таа идеја. Неколку години подоцна, Русија го искористи поволниот момент на искараниот Запад, па го анектира полуостровот Крим (2014 година), а во […]