Народниот театар Битола денеска, 16 октомври, со почеток во 18:00 часот, ќе ја изведе претставата „Кориолан“ од Вилијам Шекспир на јубилејното 10. издание на меѓународниот театарски фестивал „Дирекшн ист“ (Direction East) во Бјалисток, Полска.
Во режија и адаптација на Џон Блондел, „Кориолан“ продолжува да ја претставува македонската театарска уметност на меѓународната сцена, по гостувањата на „Охридско лето“, „Шекспир фринџ фестивал“ (Shakespeare Fringe Festival) во Верона и „Волшебни ноќи во Бутринт“ (Magical Nights in Butrint) во Саранда.
Со ова гостување, Народниот театар Битола ја продолжува својата европска театарска приказна, отворајќи нови можности за културна размена и меѓународна соработка.


