Вести Македонија Став Ударни вести

Ковачевски е толку неспособен што за проблемот со кучиња скитници ќе бара странска помош

Сподели:

 

Само за оваа влада решавањето на проблемот со кучињата скитници преставува непремостлив проблем.

Ковачевски е толку неспособен што ќе барал странска помош, тогаш се поставува прашањето зошто постојат институции ако за секој проблем се бара странска помош.

Законска обврска е чипирање на кучињата исто како и тоа да ниту еден ветеринар не прегледува куче кое не е чипирано, а ако има такво куче треба истото да биде пријавено. Кога последен пат е направена инспекција од Агенцијата за храна и ветеринарство врз ветеринарните ординации и дали некој сопственик на куче е казнет што се откажал од својот миленик и го пуштил на улица?

Срам е за институциите на државата што граѓаните сами се препуштени да се снаоѓаат и се допушта средновековни масакри врз животни. Проблемите со кучињата скитници, нападите врз луѓе како и средновековните масакри значат отсуство на функционалноста на институциите.

ВМРО-ДПМНЕ, соопштение

Сподели: