Алтернатива Настани

МЕЃУНАРОДНА ГРУПНА ИЗЛОЖБА „НАШАТА ФУКУШИМА“

Сподели:

 

Дом на Култура Иван Мазов-Климе, Кавадарци, 20-30 јануари

„Нашата Фукушима“ е интернационалната групна изложба, дел од проектот Gogyoshi Art Project International, која на 20 јануари 2017, со почеток во 19 часот ќе се отвори во Домот на културата „Иван Мазов-Климе“ во Кавадарци, а ќе трае до 30 јануари.

Изложбата е во организација на Маја Кировска, ликовен уметник од Скопје, Јаготка Томовска, поет од Куманово, холандските уметници Ед Hanssen и Fred van Welie, во соработка со Домот на културата „Иван Мазов-Климе“ во Кавадарци.

Gogyoshi Art Project International е проект основан од холандските уметници Ed Hanssen и Fred van Welie во 2012 година, поттикнати од поезијата на јапонскиот поет Taro Aizu. Според нивниот концепт, уметниците кои учествуваат во проектот имат задача да создадат уметнички дела инспирирани од gogyoshi поезијата за Фукушима, на Taro Aizu.

Gogyoshi е форма на поезија напишана во 5 линии, ослободена од правила за број на слогови, должина на линија и ритам. Taro Aizu има напишано неколку стихозбирки посветени на својот роден град Фукушима. Во нив тој зборува за луѓето на Фукушима, својата љубов кон својот град и за нуклеарната катастрофа по земјотресот и цунамито во март 2011 година, катастрофа која ги принудува жителите да го напуштат својот роден град.

Во текот на четири години од основањето на проектот во 2012 година, изложби со различни поставки, како дел од овој настан се одржаа на многу различни локации ширум светот, со повеќе од 400 уметници-учесници. Минатата година (2016), Gogyoshi Art Project International, беше претставен во Македонија со интернационалната групна изложба под наслов „Нашата Фукушима“ во организација на Маја Кировска и Јаготка Томовска. Во соработка со 3 галерии, од август 2016 година, изложбата „Нашата Фукушима“ беше прикажана во Куманово (во НУ Музеј Куманово, 04.08.2016-01.09.2016) и Скопје (во Домот на културата „Кочо Рацин” и галерија „Флукс“, 15.09.2016-05.10.2016).

Со својот меѓународен карактер, проектот гради мостови меѓу народите и уметниците од различни земји. Со организирањето на овој уметнички проект во различни земји се шири иницијативата на уметниците за подигнување на свеста за проблемите поврзани со животната средина, како и нивното влијание врз животите на луѓето.

Ликовни уметници ‒ учесници:
Адриан Лис, Александар Таневски, Ана Ивановска, Ана Јовановска, Ангела Евердајм-Ступ, Андреј Миневски, Андријана Андреева, Анели Ди Франсис, Арахме, Билјана Каровска, Благојче Наумоски-Бане, Вангел Срнаков, Вероника Бан, Викторија Попоска, Власта Мијац, Гвида Переира, Горан Јованов, Дејан Иванов-Маргуш, Дудлс еволушн, Кармен Хемелс, Кони де Граф, Ед Хансен, Елен ван дер Шхаф, Елида Рибеиро Луис, Жулио Антао, Ивана Пирковска, Ирен Сандерсе, Исмаил Карајакупоглу, Јаготка Томовска, Јелица Ќулафиќ, Јовица Ивановски, Јовица Мијалковиќ, Јуди Албертс, Јулија Манојлоска, Ју Цонг Јаел, Калина Игновска, Катрин ван Клаврен, Кетлин Кучера, Леа Долински, Љупчо Гелибашев, Мадина Зиганшина, Маја Кировска, Мариа Волфрам, Мариа Триндаде, Мариета Патриша Леис, Марија Ветероска, Марија Светиева, Марин Кушински, Мартина Јансен, Моника Ледербауер, Надица Златкова, Наталија Пулејкова-Радеска, Нина Нинеска, Пауло Дуарте Филипе, Петар Гримани, Петра Јовановска, Петра Фенејн, Ре Но, Рене Нас, Ристо Мијаковски, Роберт ван Ријн, Санјонг Ли, Сарита Конеска, Сејонг Парк, Симона Манчева, Славчо Максимовски, Сониа Кабањас Кортес, Стјепко Мамиќ , Теа Пупкова, Тепо Корте, Тито Барахас, Тони Димитров, Фред ван Вели, Хајнрих Јозеф Мес, Ханѕин Ли, Христина Зафировска и Џорџес Велтјен.

Под менторство на професорите Валентина Јовановска, Кармен Хемелс и Сесил Диеркс, средните училишта ДСУ Гимназија „Гоце Делчев“ од Куманово и “Het Kwadrant Weert” oд Холандија, ќе се претстават со дела од учениците: Ана Спасиќ, Анастасиа Доневска, Анастасија Милковска, Андреј Крстевски, Горјан Крстиќ, Дејан Михајловски, Дерија Саид, Зени Хертогс, Ивана Трајковска, Јану Бранкарт, Јелена Гоцевска, Јелена Пауновиќ, Кристина Стоилковска, Кристол ван Дурсен, Марија Доневска, Марија Стојчевска, Марко Томчевски, Мартина Максимовска, Мила Даневска, Нада Аит Удахи, Никола Келешов, Никола Малиновски, Никола Николовски, Никола Славковски, Никола Трајковиќ, Николина Колевска, Павле Трајковски, Сара Ивановска, Сара Станковска, Соња Арсовска, Стерин ван Хухте, Стефан Петковски, Тамара Каранфиловска, Тијана Герасимовска, Тифани Дамен и Филип Гелевски.

Сподели: