Потпишан колективниот поединечен договор со УКИМ

Сподели

 

Денес во Собранието, претседателот Џафери, во својство на овластено лице од основачот на Универзитетот, односно Собранието на Република Северна Македонија и претседателот на  Сојузот на синдикати на вработените на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Проф. д-р Ангел Ристов беше потпишан колективен поединечен договор на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“.

 

 

Со овој договор се уредуваат поблиску правата, обврските и одго­ворностите на работниците и на работодавачот, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје кои произлегуваат од работниот однос, обемот и начинот на остварување на правата, обврските и другите прашања од интерес на работниците и работодавачот, како и начинот и постапката за решавање на меѓусебните спорови.

До овој чин дојде како резултат на повеќе од двегодишна борба и заложби на Синдикатот за подобрување на материјалната состојба на наставниот и ненаставниот кадар на најстариот универзитет  во земјава. Односно, се прифатија заложбите врз основа на кои во 2024 и 2025 година ќе дојде до значително покачување на платите на вработените во Универзитетот со што ќе се придонесе за поквалитетен развој на науката и на високото образование, сѐ во интерес на студентите и државата.

 

 

Сојузот на синдикати на Универзитетот изрази голема благодарност до претседателот Џафери кој што имаше слух и одговорност за потребите и барањата на синдикатот и го потпиша колективниот договор. Ова е секако историски чин затоа што прв пат се потпишува ваков договор помеѓу институција од високото образование и законодавниот дом на Република Северна Македонија што е знак на конкретна поддршка на државата во однос на  развојот и напредокот на високото образование, со тоа и на државата секако.