Алтернатива Македонија Настани

Приватниот сектор во справување со климатските промени – #ВозможноE

Сподели:

 

#ВозможноЕ е онлајн настан, кој е во организација на Програмата за развој на Обединетите Нации (UNDP) и Министерството за животна средина и просторно планирање и платформата Климатски Промени (klimatskipromeni.mk).

Истиот е поделен на три дела, со што првиот дел од настанот се одржа на 21. април, на тема „Националните придонеси за климатските промени во фокусот – #ВозможноЕ да се постигне глобалната цел за климатски промени од 1,5 степени со амбициозна #КлиматскаАкцијаСега“.

 

 

 

Вториот дел од онлајн настанот #ВозможноЕ, ќе се одржи денес, во период од 10:00 до 12:00 часот, во живо на социјалните мрежи. Настанот ќе биде достапен за следење на три различни јазици, македонски, албански и англиски јазик.

Темата за која ќе се дискутира на вториот дел од онлајн настанот е Зелено закрепнување – #ВозможноE да се вклучи приватниот сектор во активностите за справување со климатските промени, со што фокусот ќе биде кон зеленото закрепнување, улогата на приватниот сектор и финансирањето на климатските активности.

Во рамките на вториот дел од онлајн настанот #ВозможноЕ учество ќе земаат високи претставници на Програмата за развој на Обединетите Нации (UNDP), Влада на Република Северна Македонија, Европска банка за обнова и развој (ЕБОР), како и претставници од приватниот сектор, стопанската комора, фондот за иновации и општините.

Настанот ќе биде поделен во три сесии, во кои што учесниците ќе дискутираат преку отворена дискусија како климатските активности може да придонесат за зелено закрепнување од КОВИД-19, која е улогата на приватниот сектор во климатските акции кои се предизвиците со кои се соочуваат. На крајот од настанот, на говорниците ќе им бидат поставени прашања од страна на невладините организации, медиумите и граѓаните, поврзани со темите кои ќе бидат дебатирани.

 

Главната цел на настанот #ВозможноЕ, е да се изгради политичка волја, национална вклученост и ангажман за подобрено прифаќање и спроведување на Ревидираниот национален придонес преку реални дискусии помеѓу клучните национални чинители.

Онлајн настанот ќе биде достапен за сите и ќе може да се следи во живо на YouTube платформата, на три различни јазици:

На следниот линк можете да го следите настанот на македонски јазик: https://www.youtube.com/watch?v=pedV6ifM_rk.

На следниот линк можете да го следите настанот на албански јазик: https://www.youtube.com/watch?v=WfnO4NE1Tj0.

На следниот линк можете да го следите настанот на англиски јазик: https://www.youtube.com/watch?v=4xk8geI_ZG0.

 

Сподели: