Промоција на „Македонски сновиденија“ на Националниот џез оркестар

Сподели:

На 14 октомври, со почеток во 20 часот, во „Литература.мк“ во Diamond Mall промоција на „Македонски сновиденија (Macedonian Dreams)“, првиот албум на Националниот џез оркестар, кој сега е достапен и во винил издание.

“Ќе се одржи слушачка промоција на албумот. каде ќе ги претставиме CD и винил изданијата, ќе го слушнеме албумот од почеток до крај и, секако, ќе се дружиме во живо, велат организаторите.

Ако сте од оние што уживаат во звукот на плочата, ако собирате музички изданија, ако сте љубопитни да го слушнете нашиот прв албум или едноставно сте наши пријатели и поддржувачи – оваа вечер е и за вас. Ќе ни биде драго ова прво издание да го споделиме во добро друштво.

Сподели: