Прв научен симпозиум за употребата на психолошките тестови во образованието, здравството и социјалната заштита

Сподели

obraz

Психолошката лабораторија при „Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања”, Униврезитет “Св.Кирил и Методиј”, Скопје, a во соработка со Здружението за студенти по психологија “Психеско” ги повикуваат сите љубители на психологијата, истражувањата и психолошкото тестирање.

Станува збор за Прв научен симпозиум „Употребата на психолошките тестови во областа на здравството, образованието, социјална заштита, спортот и управувањето со човековите ресурси“.

На настанот ќе говорат искусни практичари во областа, во улога на предавачи, а добредојдени се сите студенти, вработени и (не)професионалци заинтересирани за оваа тематика. Тие ќе говорат за нивните искуства во употребата на тестови и проблемите со кои се соочуваат во нивната професија. Главната цел е да се покрене свесноста за важноста на правилната употреба на психолошките тестови во Република Македонија и воопшто важноста за научната размисла, но и професионалната и научна одговорност на психолозите, особено во време на општествена, политичка и економска криза.

Симпозиумот ќе се одржи на 23 ноември со почеток во 11 часот. Целата активност ќе се одвива во паралелни сесии од траење по 1 час. Симпозиумот ќе се одржи во просториите на Институтот кој е лоциран од спротива Педагошка Академија.

Повеќе за сесиите:

11:00-11:30 ч.
Свечено отварање на симпозиумот

-проф. д-р Мирјана Борота Поповска, директор на ИСППИ-УКИМ
-проф. д-р Владимир Петрушевски, проректор за наука на УКИМ
-проф. д-р Ганка Цветанова, раководител на сектор за научна дејност на ИСППИ-УКИМ
-м-р Мирјана Јовановска Стојановска, претседател на КОМОРА НА ПСИХОЛОЗИ НА РМ
-проф. д-р Елеонора Серафимовска, кораководител на ПСИХОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА-ИСППИ
-проф. д-р Маријана Марковиќ, кораководител на ПСИХОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА-ИСППИ

11:30-12:30 ч. (паралелна сесија 1)

Во Сесијата за ЗДРАВСТВО модератор е д-р Татјана Зорчец, а презентерите-психолози се следните:

1.Катина Павлоска, Завод за ментално здравје на деца и младинци „Младост“
2.Натка Пачоска, Институт за брак, семејство и системска пракса – АЛТЕРНАТИВА
3.Тина Васков- Центар за невропсихологија, психотерапија и психологија „Когниција“
4.Татјана Зорчец – Универзитетската Клиника за детски болести
5.Андромахи Наумовска, Центар за ментално здравје-Центар, Психијатриска Болница-Скопје
6.Илија Дојчиновски, ПЗУ Филип Втори

11:30-12:30 ч. (паралелна сесија 2)

Во Сесијата за УПРАВУВАЊЕ СО ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ модератор е Весна Димовска од ДЕКРА, а презентерите-психолози се следните:

1.Ирена Ѓоршев, „ВРАБОТУВАЊЕ.КОМ“
2.Мартина Стојкоска, „ДЕКРА“
3.Павел Станоевски, „ВЕДЕЛ ИТ“,
4.Смиљка Шошкоска Ѓорѓиева, „РЕ:АКТИВ“
5.Елена Глигорова, ESC
6. Љубица Попова, Министерство за одбрана

12:30-13:00 ч.-Коктел

13:00-14:00 ч. (паралелна сесија 1)

Во Сесијата за ОБРАЗОВАНИЕ И СПОРТ модератор е Емилија Угриновска од Државниот Испитен Центар, а презентерите-психолози се следните:

1.Софија Димитровска, ЈДГОА „Срничка“
2.Гордана Несторовска, ООУ „Јоаким Крчоски“
3.Ленче Ристовска, СУГС „Ѓорѓи Димитров“,
4.Јана Шишковска, Меѓународно училиште „НОВА“
5.Ленче Алексовска, Факултет за физичко образование, спорт и здравје

13:00-14:00 ч. (паралелна сесија 2)

Во Сесијата СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА модератор е проф. д-р Иван Трајков од Институтот за социјална работа и социјална политика на Филозофскиот факултет, а презентерите-психолози се следните:

1.Снежана Мишевска, Завод за социјални дејности
2.Розета Паскалиева, Меѓуопштински центар за социјални работи на град Скопје
3.Розалија Секулоска, Детски Дом „11 Октомври“,
4.Весна Стоименов, СОС Детско Село
5.Ивана Стоименовска, Казнено поправен дом Идризово

14:00-14:30 ч.- Затварање на симпозиумот

radiomof.mk