Вести Свет

САД: Застрелан член на Конгресот, повредени неколку лица

Сподели:

Неколку луѓе се застрелани, вклучувајќи го и членот на Конгресот на САД, за време на безбол тренинг во сојузната американска држава Вирџинија, пренесува Anadolu Agency (AA).

Полицијата во Александрија соопшти дека во тек е истрага по информациите за пукотница во едно предградие на градот.

Американските медиуми објавија дека е застрелан Стив Скелис од Луизијана, член на Претставничкиот дом на САД и член на Републиканската партија, и неговите помошници.

Меѓу повредените има и двајца полицајци.

Престрелката се случи на теренот за бејзбол во паркот Јуџин стадион Симпсон.

Сподели: