Вести Македонија Ударни вести

Санкционирани 687 возачи за брзо возење во текот на вчерашниот ден

Сподели:

 

Во текот на вчерашниот ден, Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 687 возачи. Од нив, 124 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 21 возилa се движелe со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Најголем број од санкциите се изречени на територија на СВР Тетово-114, а потоа на територија на СВР Куманово -101, на територија на СВР Штип-98…

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Сподели: