СЈО бара притвор за координаторот на ДУИ

Сподели

Во моментот во Апелациониот суд во тек се јавни седници на кои се расправа по жалбите на обвинетите и на Специјалното јавно обвинителство за мерките кои им ги одреди Киривичниот совет.

Во судот се расправаше за жалбата на СЈО против решението на кривичниот совет да не му биде одреден притвор на Ејуп Алими, координатор на пратеничката група на ДУИ, обвинет во предметот „Титаник“ за иззборни нерегуларности заедно со Исмет Гури кој тогаш бил член на општинската изборна комисија на Чаир. СЈО останува на барањето да му биде одреден притвор на Алими, откако кривичниот суд го одбил предлогот за притвор и не им одреди никакви мерки ниту на Алими, ниту на Гури.

Во Судот се појави и поранешниот шеф на кабинет на директорот на УБК, Тони Јакимовски кој е обвинет во споениот предмет „Таргет“ и Тврдина“, а во текот на денот се очекува да се појави и поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразунавање, Сашо Мијалков и поранешниот шеф на Петтата управа Горан Грујевски, обвинети во ист случај