Музика и Филм

„СУПЕРХИКС – Добар Човек“ (видео)

Сподели:

 

Ова е најновиот сингл на Суперхикс со наслов “Добар Човек”. Уште еден од неколкуте кои го најавуваат најновиот студиски албум на вашата Банда Инструментале.

Заедно со синглот, Суперхикс упатуваат апел и предлог до Министерството за здравство и сите останати релевантни установи да се субвенционираат сите антидепресиви и релаксирачко/смирувачки медикаменти.

Македонија е рекордер по сите параметри за користење на антидепресиви и седативи по глава на жител па со ова значително би им се олеснило на корисниците, а за жал ги има илјадници.
Очекуваме одговор – час поскоро!

 

 „СУПЕРХИКС – Добар Човек“ (видео)

Снимано во студио ТРА ЛА ЛА (Мите Димовски)
Музика Текст и Аранжман -Суперхикс
Видео анимацијата е авторско дело на младите Меланија Димоска и Александар Несторовски

 
Срдечен поздрав од Вашата „Банда инструментале СУПЕРХИКС“
Сподели: