(ВИДЕО) ,,Шумарите,, чекаа 23 години за пак да бидат дел од Премиер Лигата – Победија во најскапиот меч во фудбалот!

Сподели

Фудбалерите на Нотингем Форест се пласираа во Премиер лигата по пауза од 23 години.

фото: Goal/Getty

Избраниците на Стив Купер со минимален резултат беа подобри од Хадерсфилд во финалето на плејофот на Чемпионшип, а голот на одлуката всушност беше автогол на младиот дефанзивец Леви Колвил во 43. минута од натпреварот.

Велшкиот стручњак пред само една година беше поразен во финалниот меч, за подоцна да се промовира во истиот ранг, додека тимот кој го водеше Вејн Руни, Дерби Каунти испадна од лигата.

Хадерсфилд беше подреден тим во првото полувреме, но поради тоа во вториот дел играше поофанзивно и беше потенцијално оштетен.

Особено кога судијата Џонатан Мос реши да не покаже на белата точка во два наврати, по фаулот над Хари Тофол и Луис О’Брајан.

Нотингем Форест последен пат играше во Премиер лигата во сезоната 1998/99, што е неприфатливо за двократен освојувач на Лигата на шампионите.

Тоа е повеќе од 17-те актуелни членови на Премиер лигата, вклучувајќи го и шампионот Манчестер Сити.

Повеќе или помалку од популарните ,,Шумари,, имаат само Челзи, Манчестер Јунајтед и Ливерпул.

Тимот на Нотингем Форест со пласманот во Премиер лигата ќе има загарантирани околу 100 милиони фунти само од ТВ правата.

The post (ВИДЕО) ,,Шумарите,, чекаа 23 години за пак да бидат дел од Премиер Лигата – Победија во најскапиот меч во фудбалот! appeared first on Спорти.

Powered by WPeMatico