Заев: Нема да има врзани потписи меѓу премиерот и првиот вицепремиер

Сподели

 

„Нема да има врзани потписи меѓу премиерот и првиот вицепремиер. Прв вицепремиер значи оној што го менува Заев кога е отсутен за водење седница или прием на делегација и слично. Се знае дека премиерот потпишува, нема никакви врзани потписи или слично. Во идната Влада планирам да има четворица вицепремири, тројца се на предлог на СДСМ, а еден е од вториот партнер по големина – ДУИ. Ќе биде именуван како ‘прв вицепремиер’. Ова е за подобра координација меѓу двете политички партии во делот на преземањето на одговорноста и честа којашто се дава од граѓаните, а со цел ефикасни и ефективни одлуки. Именувањето ‘прв вицепремиер’ е за да дадеме важност на функцијата“, изјави премиерот Заев, по различните толкувања околу надлежностите на идниот прв вицепремиер,Артан Груби.