Алтернатива Настани

Изложба на илустрации од Димитар Кондовски на фестивалот„Литера“

Сподели:

Во рамките на второто издание на Меѓународниот фестивал за литература и илустрација за деца „Литера“, ќе биде отворена изложба на илустрации на големиот ликовен уметник Димитар Кондовски, еден од доајените на македонското сликарство. Изложбата ќе биде отворена на 14 октомври во Национална галерија на Република Северна Македонија, објект „Мала станица“.

Изложбата ќе биде организирана под посебен протокол во однос на заштитните мерки против Ковид-19. За време на настанот ќе бидат организирани повеќе работилници на кои деца на различна возраст ќе имаат можност да се едуцираат, како и да ги запознаат и истражуваат делата на Кондовски. Тие ќе креираат и свои приказни инспирирајќи се од делата на великанот на македонската илустрација. Веруваме дека низ еден креативен процес тие ќе научат што е илустрација и ќе создадат свои приказни, инспирирани од ремек – делата на Кондовски.

Организаторот на фестивалот „Литера“, агенцијата „Ефектива“ најавува интересно патување за сите посетители и поддржувачи на фестивалот.

„Културата е еден од најзначајните елементи за развој на здраво општество. Таа мора да постои и да функционира во сите прилагодливи форми. Во моментов, светот се соочува со многу предизвици, но јас сметам дека токму уметноста е таа која може да им помогне да ги надминат емоционалните аспекти на кризата. Искрено, се обидуваме да поттикнеме развој на квалитетна литература за деца, и од визулен и од содржински аспект, бидејќи децата од мали нозе треба да научат што е вистинска култура и како да ја препознаат“ – вели Софија Семенпеева, директор на „Ефектива“.

Д-р Дита Старова-Ќерими, директор на НУ Национална галерија на Република Северна Македонија, истакнува дека ѝ претставува особено задоволство што оваа институција ќе биде домаќин на Фестивалот, особено во однос на изложбата на еден сегмент од творештвото на великанот Димитар Кондовски (1927-1993) кој е посветен на најмладите.

 Кондовски, во својата грандиозна творечка кариера како сликар, сценограф, дизајнер, дописен член на МАНУ, професор на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, е една од најзначајните фигури за развојот на македонското современо сликарство во 60-тите години на минатиот век, а изложбата на илустрации е соодветен вовед кон ретроспективната изложба на  Кондовски што ја подготвува оваа установа.

Инаку, Фестивалот „Литера“ го имаше своето прво издание во април минатата година, во просториите на Музејот на современата уметност во Скопје, каде се одржаа многу значајни дискуии, работилници и изложба на илустрации значајни за развојот на квалитетната литература за деца. Поради пандемијата со Ковид-19, годинешното издание на фестивалот го поместивме за есенва. Фестивалот ќе се одржи од 14 до 19 октомври на повеќе локации, меѓу кои Даут-пашин амам и Мала станица. Годинава фестивалот ќе трае еден ден повеќе, со оглед на тоа што се предвидени богати и интересни содржи за децата и родителите, но и за професионалните илустратори.