НЕ НА ПОДЕМОТ НА ФАШИЗМОТ И НАЦИЗМОТ ВО ЕВРОПА! – Наум Пановски

Сподели

 

           Наум Пановски

Отворено писмо до Европскиот Парламент!

До претседателот на Европскиот Праламент, господин Антонио Тајани

До пратеницте во Европскиот Парламент

Почитувани,

Ви го пишувам ова писмо да ги изразм мое далбоко разочарување и негодување од однесувањето и авторитраните постапки на Бугарскиот делгат во Европскиот Парламент Ангел Џамбазки. Неговиот отровен јазик, со кој говори за комплексните и чувствителни прашања на Балканот, а посебно чувствителни во Македонија, е неприфатлив. Неговиот став и неговотео делување, многу јасно ни гворат дека неговите погледи се навредливи и опасни. Во нашата цивилизрана Европа, неговиот јазик многу лесно инспирира и води директно кон агресивни акции кон неистомислениците. Тој отровен јазик и нетрпеливо однесување кон другите, како што знаете, се вика говор на омраза и бара недвосмислена и одлучна осуда.

Токсичниот истап на бугарскиот европратеник Џамбазки и неговите небулзни манупулации на историјта во однос на тоа што е вистина а што не, објавени во неговата родна Бугарија, (http://epicenter.bg/…/Dzhambazki–Za-nikakva-ne…/186415/11/0), во некои други времиња сигурно не би заслужиле никакво внимание.

Меѓутоа во ова време на сеопшта ревизија на антифашистичката историја, денес во ова време на лажни вести и вистини, кога се може да биде вистина, кутра е висината кога се може да биде вистина, кога неговото идеолшко слепило, неговиот отворен бугарски клеро-фашизам, неговата јасно искажана авторитарност и нетрпеливост кон другите и кон се она што е различено од неговото толкување на минатото и сегашнотста, бара сериозна критика и разобличување на фашизоидниот занес и на небулозите што ги шири Џамбазки. Постојат премногу многу лаги, историски исривоколчувања, идеолошки напади и навреди врз вистината за делувањето на македонските борци за слобода и правда; постојат исто така премногу лаги и искривувања на придобивките од Победата над нацизмот, за крајот на втората светска воја и за храбрите борци победници ослободители во таа војна. Нема потреба да се говори за тоа. Историјата и науката го има кажано својот мериторен збор.

Токму затоа, а и заради неговата и не само неговата, туку заради повќедеценијската патолошка опседнатост на бугарската шовинистичка политика кон Македонија и Македонците, умесно е Джамбаски да одговори барем на неколку битни прашања.

Дали тиресет-четриесет илјади Македонци, кои во последните дестина години, пред се од економски причини, побарале и добиле бугарско државјанство и бугарски пасош, и кои за да го добијат тоа државјанство биле бескруполозно уценувани и принудени да се декларираат како Бугари, се навистина Бугари. Дали со таквиот однос кон нив не се врши всушност едeн вид суптилен бугарски етнички инжињеринг, вештачка изнудена етничка идентификација, и едно софистицирано етничко чистење.

“Точка по въпроса”, вели деспотски надобудниот неофашист, Ангел Џамбазки!

НЕ! Не, заговрнику на етничко чистење! Вашите гревови и злочини смрдат до бога, би рекол умниот Шекспир.
Меѓутоа она што е всушност уште пострашно и попасно во бруталниот хулигански истап, инаку често виден денес на неофашиcтичките сцени низ Европа, а кој гореспоменатиот млад Цар Борисов “Бранник” и те како го применува во својата отровна и агресивна пракса, е неговата омраза не само кон антифашистите во втората светска војна, не само кон борците за слобода и правда од втората светска војна, кон борците за еден поубав хуман свет на рамноправни народи и луѓе, туку страшна е и неговата омраза кон сопствениот народ и неговите највидни антифашисти.

Неговото малоумно тврдење дека “македонскиата нација е политчка, која е создадена по 2 Август 1944”, од, “банда бугарски болшевици и шумкари, национални предавници кои се собираат во подрумот на Манстирот Прохор Пчински…”. (банда български болшевики и шумкари, национални предатели се събират в избата на манастира „Прохор Пчински“), не е ништо друго туку опасен говор на омраза на еден фанатичен неофашист.

Треба ли Европарламентот, во кој е тој делагат од Бугарија, – Која Бугарија? Онаа фашистичката Бугарија, на Цар Борис? – да се потсетува дека, тоа е јазкот на бугарските фашистички окупатори на Македонија во втората светска војна. Треба ли повторно да се објаснува дека тоа е јазикот и однесувањето со кои се извршени воени злочини над цивилно незаштитено население, дека тоа е јазикот и начинот на кој големобугарска фашистичака окупаторска војска и полиција владеела со страв и терор во Македонија.

Или можеби подобро би било распашаниот бугарски џамбаз да ни каже каде беа “бугарските патриоти”, оние што нели не беа национални предавници, оние кои беа сојузници на Хитлеровата нацистичка Германија, оние кои 1943 година испратија во смрт повеќе од единаесет илјади Евреи од Македонја во коцентрациониот логор Треблинка. Каде беа и каде чекаа кукавички тие “бугарски патриоти” додека слободата на нивната мајка Бугарија, на тацна им ја донесоа совестките тенкови, управувани од советските болшевики и шумкари.

Треба ли да чекаме младите бугарски па и европски неофашисти да дојдат и да не гонат, не само по македонските, туку и по европските улици само затоа што ја говориме вистината, ги браниме своите човекови права и се бориме за слобода, за отворен, цивилизиран, толерантен и хуман свет?

Напротив, не смееме да дозволиме мрачните фашистички сили што беа поразени во втората светска војна, сега во мирнодпски услови поворно да се закануваат, да сеат страв и омарза и непрчено да го освојуваат Балканот и Европа. Не смееме да дозволиме тие повторно да владеат со нас со насилство, терор и страв. Не смееме да дозволиме неофашизмот да врши нови злочини над децата и младите, како тие што ги има извршено во Ваташа, во Крагуевац, во Јасеновац, во…

Токму затоа императив на денот е, секој граѓанин, хуманист, антифашист, да му каже НЕ на отровниот говор на омраза, не само на заслепниот бугарскиот неофашизам, туку и на европскиот. Ако денес не се спротивставиме на ревизијата, прекројувањето и фабрикувањето на историјата, ако не се спротивставиме на опасното повампирување на фашизмот, не само на Балкнаот туку и во Европа, пожарот на омраза многу брзо и лесно повтроно ќе го изгори нашиот заеднички дом.

А за да не дојде до таа нова ктастрофа, европскиот парламент мора јавно и најостро да го осуди таквото однесувљање и да овозможи правни средства со кои ќе се инагурира нула толеренција кон сите пројави на неофашизмот во Европа.

Поичитувани пратеници во Европскиот Парламент, Дами и Господа, најсилно ве охрабрувам да му посветите најголемо внимани нај овој горлив и опасен проблем. Ако агресивана појава на нацизмот и на фашизмот го оставите не осуден, ако го турнете под тепих, и ако оставите неонацизмот и неофашизмот да се шират низ Европа, рамификацијата на вашето недлеување ќе биде вистинкса катастрофа за Европа. Делувајте денес. Утре ќе биде доцна.
Јас верувам дека голем број граѓани на Македонија, исто како и голем број граѓани во Бугарија, на Балканот и во Европа, го делат ова мое мислење. Сие тие би сакале да видат цивализрана хумана, антифашистичка, мултилутурна Европа.

Со нужна почит,
Д-р. Наум Пановски, професор по хуманистички и културолошки студии, и уметност.
Њу Јорк, 1 Јули 2019

П.С. Ги повикувам и ги охарбрувам сите антифашисти, сите граѓани кои се согласуваат co ова писмо, не само да го споделат со своите пријатели, туку англиската веризја да ја испратат до претседаталот на Европскиот Параламент Антонио Тајани на следнава адреса: antonio.tajani@europarl.europa.eu