Охридско лето – Соло концерт на пијанистот Николај Лугански

Сподели

По вчерашниот заеднички концерт со виолинистот Сергеј Крилов и виолончелистот Александар Књазев, вечерва во 21 часот, во рамките на манифестацијата „Охридско лето“, во катедралната црква „Света Софија“, соло ќе настапи рускиот пијанист Николај Лугански.

На програмата на вечерашниот концерт се дела за пијано од Дебиси, Скрајбин, Рахманинов. Лугански е добитник е на многубројни награди и признанија, меѓу кои и „Уметник на народот на Русија“ во 2013 година.