Петмина уапсени во Турција во врска со атентатот на рускиот амбасадор

Сподели:

Пет лица се уапсени во Турција во врска со убиството на рускиот амбасадор во земјата, Андреј Карлов, пренесе ТАСС.

Уапсени се мајката, сестрата и таткото на напаѓачот, како и други две лица. Роднините на атентаторот од градот Сок, во западна Турција, ќе бидат доведени на распит во Анкара.

Убиецот, кој беше ликвидиран, веќе е идентификуван како Мевљут Мерт Алтинташ, полицаец, 22-годишен.

– При пукотниците беа ранети тројца турски државјани, изјави министерот за внатрешни работи, Сулејман Соилу.

Една жена веќе е пуштена од болница. Двајцата мажи пак, кои се здобиле со повреди во пределот на рацете и нозете, се задржани на лекување.

Сподели: