Под Тумбе Кафе најдени и отстранети повеќе од 1.700 рачни бомби и тромблонски мини 

Сподели:

Деновиве на битолското Тумбе Кафе пронајдени се и отстранети се над 1.700 гранати, рачни бомби и тромблонски мини од Првата Светска војна.

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов изјави дека продолжува ископувањето и очекува да пронајдат уште најмалку илјада вакви неексплодирани убојни средства, спакувани во сандаци на критични локации во битолско.

Ангелов апелираше доколку граѓаните најдат на предмети кои се сомневаат дека наликуваат на бомба да го повикаат ДСЗ или да пријават на 112.

Сподели: