СТАВ: АПСУРДНИ ТОЛКУВАЊА – Мерсел Биљали

Сподели

 

Неосновани се констатациите дека Собранието не е конституирано, поради тоа што Претседателот на Собранието сеуште не е изабран. Членот 63 од Уставот е јасен:

Пратениците во Собранието се избираат за време од четири години. Мандатот на пратениците го верифицира Собранието. Мандатот почнува да тече од конститутивната седница на Собранието“.

 Мерсел Биљали

Од овие три реченици од членот 63 на Уставот, недвосмислено произлегува дека Собранието е конституирано. Реченицата: – „Мандатот почнува да тече од конститутивната седница на Собранието“ – без дилема укажува на тоа дека Собранието веќе е конституирано. Во спротивно избраните пратеници би биле без мандати (т.е. тие без мандати не би се сметале за пратеници). Од самиот факт што тие добиваат плати и осигурување од Собранието, тоа значи дека на ним им е започнат четиригодишниот мандат. Тоа значи дека штом тие имаат мандати кој почнал да им тече, Собранието се смета за конституирано.

Секое друго толкување нема ни суштина ниту логика. Нема никаква смисла е, да се смета, дека на пратениците им тече мандатот во неконституирано Собрание. Апсурдно е пратениците да можат да добиваат плати и осигурување од Собранието кое не конституирано. Оттука, проблемот на изборот на претседателот на Собранието е чисто процедурално и техничко прашање, честопати тоа дополнително се прави, бидејќи априори не се знае кои партии ќе формираат владејачко мнозинство. Би било апсурдно да се избере претседател на Собранието, а подоцна да произлезе дека неговата партија не е дел од мнозинството. Значи, априори не се знае кои партии ќе формираат мнозинство, затоа што станува збор за партиски идоговор.