Вести Македонија Ударни вести

Усвоена Програмата за задолжителна имунизација на населението во 2021 година

Сподели:

 

На вчерашната седница, Владата ја прифати Предлог-програмата на Министерството за здравство за задолжителна имунизација на населението за 2021 година, во која е содржан план за обезбедување на годишни потреби на вакцини за задолжителна имунизација и вакцини по епидемиолошки индикациии.

Во програмата се опфатени возрасните групи подложни за пoeдини вакцинации, видот на вакцини кои се даваат и начинот на давање, календарот за имунизација на деца од 0 до 18 години и Календарот за catch-up имунизација за нередовно вакцинираните деца од 5 до 18 година.

Вкупно одобрените финансиски средства за оваа програма изнесуваат 805.000.000,00 денари, од кои 415.000.000,00 денари се наменети за обезбедување на потребните количини вакцини за континуирана вакцинација, минимум потребни резервни дози на вакцини и имуноглобулини по епидемиолошки индикации, а 390.000.000,00 денари за набавка на КОВИД-19 вакцини.

Сподели: